Ширење на заразна болест


Во природата има голем број на работи можат да влијаат врз нашиот имун систем. Некои од нив се вируси што предизвикуваат смрттоносни болести како Ебола или HIV, некои се протеини што не се виткаат добро што предизвикуваат болести како Алцхајмер додека трети се честички кои имаат позитивно влијание на нашиот живот - E. Coli е добар пример[4]. Секој еден од нас во одреден момент од својот живот се соочил со некаква болест. Поеќето од нас можеби проаѓаат со помалку сериозни болести како грип, кашлица, сипаници кои човекот преку голем број на експерименти и истражувања дошол до степен да ги лекува - вакцини, лекови и сл.

Карактеристика што прави дистинкција помеѓу заразни болести како што се грипот од други болести како што е ракот е присутноста на заразни индивидуи што директно предизвикуваат дополнителни инфекции. Ова веднаш прави еден вид на повратна јамка: инфицирани можат да заразат повеќе луѓе, што може да доведе до експоненцијален раст што го намалува бројот на подлежни луѓе и го ограничува идното ширење. Иако изгледаат како да се комплетно случајни овие ширења, сите вакви заразни болести (вируси) споделуваат некои карактеристки: овие карактеристки всушност се толку слични меѓу себе што математичките својста се апликативни во други процеси што немаат врска со биологија, а сепак имаат некое својство на ширење (компјутерски вируси и ширење на информации[5]; лажни вести[6]).

Што е епидемија, а што пандемија?

Терминот епидемија се користи ако некоја заразна болест инфицира голем дел од популацијата во краток рок. Нема универзално прифатена дефиниција за колкав фрагмент од популацијата треба да е заразен (и во колку кратко време) за да се класифицира бран на болест да биде епидемија. За некоја нова заразна болест може мал број на заразени луѓе да се смета за епидемија, додека други болести може да опстојувале подолго време во популација со многу ниско ниво и наеднаш да избијат епидемично.

Додека пандемија се користи за одредена епидемија која инфицира луѓе од различни земји или континенти.

Заразната болест која сакаме да ја моделираме е од фамилија заразни болести предизвикани од патогени честички, најчесто вируси или бактерии; едноставни организми, паразити, кои ги прават луѓето (или други живи организми) нивни домаќни (hosts) и предизвикуваат одредена штета како резултат на нивниот животен век. Овие патогени честички може да преминат од една до друга индивидуа на различни начини, што овозможува болеста да се шири. Може да е преку воздухот што го издишуваме и други го вдишуваат. Може да е преку честички т.е. капки од тоа што киваме или кашламе во околината или врз предмети, кои потоа луѓе при допир со нив можат да се заразат. Може да е истотака од храната што ја јадеме, или пак преку животни. Пример за ваква болест (познати како zoonoses) е маларија, каде животните што ја пренесуваат се комарците. Оваа болест не може да се шири човек-човек само животно-човек.

Прогресија на заразеноста кај вируси

Следната табела се дефиниции на некои од општите термини кои не бунеа додека го правевме проектот:

Терминот подлежен (susceptible) се однесува на индивидуа која сеуште не стапила во контакт со вирусот.

Терминот заразен (infected) се однесува на индивидуа која дошла во контакт со вирусна честичка и заразата (или преносот) се јавила.

Терминот заразлив (infectious) се користи за индивидуи кои се инфицирани и можат да го пренесуваат патогенот (причината за заразата) на други луѓе од таа популација.

Терминот оздравен (recovered) се однесува на состојбата по заразата. Заразена индивидуа може да транзитира од фаза на заразен или во починат или во оздравен. И обете се состојби на не-заразеност.

Терминот изложен (exposed) се однесува за индивидуи кои се соочиле со патогенот. Ова е неопходна состојба пред трансмисија и инфицираност да започнат. Но, од оваа состојба не мора да значи дека ќе настанат инфицираност и трансмисија.

Терминот имунитет (immunity) се однесува на отпорот на заразната болест која ја спречува можноста за повторно заразување. Има различни видови на имунитет со кои една заразена личност може да развие.

Секој тип на заразна болест си има своја карактеристична патологија, како влијае на телото кое е инфицирано. Од ова можеме да заклучиме дека по самиот начин на кој одреден вирус влијае на заразените и се шири дека има свој вид на епидемологија што контролира како се шири. Обете и патологијата и епидемологијата на вирус се од големо значење за да се разбере како една вирус напредува и се шири меѓу луѓе.

Илустрација на периодите на заразеност

Заразена личност поминува низ неколку периоди на заразеност. Еден ваков процес започнува со самиот прв контакт со вирусот. Откатко ќе се зарази, вирусот се вдомува во системот на домаќинот, почнувајќи да го развива своето пристуво. Но, во тој период на вдомување всушност домаќинот не покажува никакви симптоми. Од првиот контакт до можноста за ширење на вирусот го сметаме латентниот период. Откатко тој завршува, вирусот станува вируозен (заразлив), што му овозможува на домаќинот да го пренесува вирусот на други. Со оваа можност за ширење започнува заразливиот период.

Овие два периода (или фази) ја контролираат можноста за пренесување на вирусот. Додека по самиот прв контакт со вирусот до јавувањето на симпомите има период кој го нарекуваме инкубациски период. Ова е времето додека личноста да развие одредени симптоми и додека ја развива можноста за го шири вирусот на други. По сите овие фази следува резолуцијата, која кај заразениот може да значи една од две работи: заздравување или смрт.

../_images/fig2.png

Fig. 2 Прогресија на заразеноста во едница време

Фигурата иако е соодветен начин за визуелно да ги доловиме фазите во едница време, можеби кој го дадовме е некое наше толкување. Прецизните дефиниции [7] за периодите низ кои минува заразена личност се:

  • Инкубацискиот период (incubation period) го претставува времето помеѓу првиот контакт со вирусот и појавувањето на првите симптоми.

  • Латентниот период (latent period) е дефиниран како времето помеѓу првиот контакт со вирусот и развивањето на можноста за пренесување на вирусот на други луѓе (кога личноста станува заразлива).

  • Заразливиот период (infectios period) има доста тривијална дефиниција, го преставува времето од развиањето на можноста за ширење на вирусот на други личности до прекинување на таа можност.