Листа од параметри


Моменталната (проширена) листа од параметри кои ги користевме до сега:

  • \(N\): вкупна популација

  • \(S(t)\): број на подлежни луѓе на ден \(t\)

  • \(E(t)\): број на изложени луѓе на ден \(t\)

  • \(I(t)\): број на инфицирани луѓе на ден \(t\)

  • \(R(t)\): број на оздравени луѓе на ден \(t\)

  • \(D(t)\): број на починати луѓе на ден \(t\)

  • \(\beta\): очекуваниот број на луѓе на кои заразена личност ја пренесува болеста

  • \(D\): бројот на денови што личноста ја чува во себе и може да ја шири болеста

  • \(\gamma\): дел од заразени личности што заздравуваат на ден (\(\gamma= \frac{1}{D}\))

  • \(R_{0}\): вкупниот број на луѓе кој една личност заразува (\(R_{0}=\beta \cdot D\))

  • \(\delta\): времетраење на инкубациски период

  • \(\alpha\): стапка на смртност (дел од заразените што починуваат, се среќава во литература како fatality rate)

  • \(\rho\): стапката на денови за еден заразен да почине (=1/денови од заразен до смрт)

Како што може да видиме од тоа до сега што моделиравме само функциите односно оделите (\(S,E,I,R,D\)) се менуваат преку време што е крајно нереалистично.

Пример, најчесто вкупниот број на луѓе што една личност заразува има премала веројатност да биде константно. Истотака карантин и сите мерки што се превземаат како носење маски и рестрикција за движење во некои поголеми маркети го намалува бројот на заразени, каде до сега нашиот моментален модел не ги опфаќа.

За да се дојде до “пореалистични” сценарија е нужно параметрите да ги направиме да се менуваат преку време.